Прогнозерите имаат тикет со фантастичен коефициент : Македонија нема да загуби, Бразил ќе ја победи Аргентина

Тројца прогнозери ги погодија конечните исходи од вчерашните натпревари во третото коло на Спортска прогноза и се во игра за освојување на главната премија за секоја рунда, прекрасниот „ајфон 12“.

Ремито на мечот меѓу Украина и Франција беше изненадувањето за големата армија прогнозери, а дури 91 посто од нив очекуваа победа на светскиот првак што не се случи, па остана трилинг учесници со максимален број на погодени мечеви по првиот ден на популарната Тринаесетка.

Денеска и утре се играат преостанатите 9 меча, а ако ги послушате советите на прогнозерите, според процентот на типовите за конечен исход може да се направи топ-тикет во Sport Life со вкупен коефициент од 396.

Според грото прогнози Македонија нема да загуби денеска од 18 часот во Рејкјавик против Исланд, Бразил ќе ја победи Аргентина во вечното дерби и еден од фудбалски класици, а триумф на гости ќе забележат и европскиот првак Италија со Швајцарија и Грција против Косово.

Тикетот може да се одигра до 18 часот, кога почнува мечот меѓу Исланд и Македонија, во Рејкјавик.

 

ПРЕДЛОГ ТИКЕТ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ТРЕТОТО КОЛО НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА:

 

6768 Исланд – Македонија Х2 – 1.50

6769 Албанија – Унгарија Х2 – 1.41

6774 Косово – Грција 2 – 2.35

6772 Швајцарија – Италија 2 – 2.07

1610 Брaзил – Аргентина 1 – 2.70 Супер тип на Sport Life

6708 Еквадор – Чиле 2 – 4.00

6709 Парагвај – Колумбија Х2 – 1.30

5729 Костарика – Мексико 2 – 1.66 

6711 Перу – Венецуела 1 – 1.65

Вкупен коефициент – 396

 

- Оглас -

Најнови вести