Дури 82,33 проценти од играчите кои веќе типувале за 14-тото коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза веруваат дека премиерлигашкото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед ќе заврши со победа на домашните. За нерешено и за победа на Манчестер, типувале по помалку од 10 проценти прогнозери.
Според мислењето на големото мнозинство прогнозери, чисти кецови треба да бидат и Вест хем – Вулверхемтон, Лече – Фрозонине и Нант – Брест, каде што над 80 отсто типувале единица.
За два меча од Бундеслигата, предност им се дава на гостинските екипи. За победа на Волфсбург кај Дармштад се изјасниле 79,57 проценти, а 64,9 е процентот на играчи кои прогнозираат дека Унион Берлин ќе слави на гостувањето кај Бохум.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете. Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат вредносен ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци! Последниот рок за типување за ова коло е в сабота, во 15 часот.