Дури седум меча се играат денеска од понудата на Спортска прогноза. Возбудувањата ќе започнат уште на пладне, затоа што од 12:30 часот ќе се игра дербито во Серија А меѓу Интер и Лацио. Интересно е дека преку 72 отсто од прогнозерите очекуваат Интер да се радува на оваа средба, а помалку од 10 отсто се шансите за гостите од Рим.
Речиси иста е ситуацијата на дуелот Кадиз – Валенсија, но овојпат во корист на гостите. За двојка типувале 72 отсто, а „кец“ чекаат само осум отсто. Нешто повеќе од 50 отсто прогнозери чекаат триумфи на домашните Борнмут и Клермон во дуелите против Лидс и Римс. Мали се шансите на Кремонезе кој дома игра против Верона.
За најголем фаворит од сите дуели се смета Волфсбург во дуелот со Мајнц. За домаќините гласале 79 отсто од прогнозерите, а гостите имаат помалку од 10 отсто шанси за триумф.
Денешните возбудувања ќе завршат така како што ќе започнат, СО ДЕРБИ. Хајдук во Сплит е домаќин на Динамо Загреб, а ова е единствениот меч на кој „иксот“ има најголем процент (42 отсто).
Ако се одиграат сите седум натпревари според најголем број од мислењата на прогнозерите, ќе се добие вкупен коефициент од 203 и тоа на два меча има и двознаци, а „нивниот тикет“ би изгледал вака:
3006 Интер – Лацио 1 1.87
1361 Кадиз – Валенсија 2 2.55
1004 Борнмут – Лидс 1 2.55
1704 Клермон – Ремс 1Х 1.56
3007 Кремонезе – Верона Х2 1.33
1809 Волфсбург – Мајнц 1 2.30
3143 Хајдук – Динамо Х 3.50
————————————
Вкупен коефициент: 203