Прогнозерите на седум меча со три двознаци нудат коефициент над 117

Преку 2.000 прогнозери се дел од седмото коло на Спортска прогноза, а само Бобан С. има максимални шест погодоци по вчерашните мечеви кои се одиграа. За денеска се преостанатите седум дуели во кои Бобан ако успее да стигне до Среќна 13-ка, ќе освои мобилен телефон Ајфон 12.

Дури 28 играчи имаат по пет погодоени од шесте дуели, што значи дека сепак ова може да биде добро коло. Денешните возбудувања стартуваат од 12:30 часот со мечот Болоња – Лацио. Дури 80 отсто веруваат дека тимот од Рим ќе победи, па ова е „чиста двојка“. Со сличен процент, од преку 80 отсто е изразена и евентуалната победа на Тотенхем против Астон вила.

Потоа следуваат два меча за кои најголеми шанси им се дава дека ќе завршат без победник. На Лил – Марсеј над 50 отсто се за нерешено, а дербито на денот Ливерпул – Манчестер сити, дури 43 отсто го прогнозирале со „икс“. За Ливерпул се 31 отсто, а само 25 отсто веруваат дека Сити може да се радува на „Енфилд роуд“.

Наполи треба да ги освои трите бода на гости кај Фиорентина, барем според прогнозите на 57 отсто од играчите на Спортска прогноза, додека 34 проценти мислат дека ќе биде нерешено. Вилјареал е голем фаворит на свој терен против Бетис (77 отсто очекуваат кец).

Последниот меч во ова коло на Спортска прогноза е дербито од Серија А меѓу Аталанта и Милан. Најмногу се за нерешено (41 отсто), потоа 30 проценти чекаат двојка, а 29 отсто се за победа на домаќинот.

Овие седум меча одиграни со три двознаци може да направат вкупен коефициент од 117.6 што значи дека за само 20 вложени денари, можната добивка ќе изнесува 2.352 денари.

Тикет кој го нудат прогнозерите на база на најголем број на одиграни фиксови

3005 Болоња – Лацио                          2         2.40

1009 Тотенхем – Астон вила               1        2.20

1709 Лил – Олимпик Марсеј               Х        3.20

1010 Ливерпул – Манчестер сити     1Х       1.55

3009 Фиорентина – Наполи                 Х2      1.27

1309 Вилјареал – Бетис                        1        2.08

3617 Аталанта – Милан                       Х2       1.70

——————————————————————————

Вкупен коефициент                                 117.6

 

- Оглас -

Најнови вести