Прогнозерите не може да се „договорат“, ќе успее ли Мурињо да го скроти Милан?

Милан го има најдобриот старт во клупската историја со девет победи и едно реми по првите 10 кола во Серија А. Росонерите викендов ќе имаат голем предизвик да продолжи со победи, и тоа на гостински терен во Рим, на дуел против Рома. Токму овој дуел е еден од најатрактивните во понудата на 11-тото коло на Спортска прогноза.

Досегашните прогнозери се речиси израмнети околу тоа каков ќе биде исходот на дербито на „Олимпико“. По 30 отсто прогнозери типуваа на победа на Рома, но исто толкав е бројот и на оние кои веруваат дека Милан ќе се радува. Останатите 40 отсто се за нерешено.

Покрај дербито во Италија, во понудата има уште 12 интересни мечеви кои се од Топ 5 лигите. Предизвик за сите прогнозери е да успеат да ги погодат сите 13 парови. Со добивање на Среќна 13-ка, главната премија е мобилен телефон „ајфон 12“, додека подароци има и за оние кои ќе имаат 12 и 11 погодени. Со 12-ка се добива вредносен ваучер од 1.000 во Sport Life, додека 11-ката вреди вредносен ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести