Прогнозерите не се сигурни во победа на Македонија, но имаат четири фаворити со над 90 проценти

Третото коло од четвртата сезона на Спортска прогноза во кое се нудат мечеви од квалификациите за фудбалското Светско првенство кое следната година ќе се игра во Катар е предизвикувачко за учесниците во бесплатната игра. Во основната понуда има неколку мечеви за кои прогнозерите се убедени дека ќе завршат со победа на фаворитите.

Над 90 проценти од тие што досега типувале, мислат дека ќе слават Србија, Франција, Мексико и Перу. Вашите прогнози може да ги ставате до сабота во 18 часот, кога почнува мечот Србија – Луксембург. За овој меч, дури 99,49 проценти се изјасниле за единица, а минимален е бројот на храбри прогнозери кои веруваат во сензација.

Во понудата е и дуелот помеѓу Исланд и Македонија, кој се игра в недела. Мал е бројот на прогнозери кои типувале „кец“, а процентите за нерешено и победа на Македонија се тука некаде. Околу 43% од учесниците очекуваат реми, додека малку повеќе од 39% сметаат дека избраниците на Благоја Милевски ќе победат.

Потсетување дека единствен услов за учество е да се има СЛ картичка од Sport Life. Картичката исто така е бесплатна и можете да ја добиете на сите обложувачки места на Sport Life. За 13 погодени парови, премијата е „ајфон 12“. За 12-ка следува ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а за 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести