Прогнозерите не веруваат дека англискиот првак ќе издвои добар резултат против Сити

Деветтото коло на Спортска прогноза веќе трет ден е во тек и голем дел од учесниците веќе ги приложија своите прогнози во понудените 13 парови. Вистински предизвик е да се стигне до максимален учинок, со оглед на тоа дека во понудата има бројни дербија, а меѓу нив како најголемо може да се издвои она во Премиер лигата, кое ќе се одигра на „Етихад“ во недела.

Вицешампионот Манчестер сити го пречекува бранителот на титулата Ливерпул. Од дуелот на последните два англиски прваци, како и секогаш, се очекува спектакл исполнет со погодоци и неизвесност.

Со оглед на тоа дека Јирген Клоп не може да смета на Ван Дајк, кој е повреден до крајот на сезоната, прогнозерите не им даваат шанса на Црвените дека ќе издвојат позитивен резултат. Учесниците кои досега прогнозираа, мнозинството типуваше „кец“ на Сити, или поточно 44,65% од нив, останатите 32,23 отсто очекуваат реми, а само 23% од прогнозерите ќе чекаат славење на гостите.

Оваа рунда на „среќна 13-ка“ се смета за најтешка досега, но ако се знае дека прекрасниот „ајфон 11“ е премијата, се подразбира дека претпазливо се приложуваат прогнозите.

Секако, важно е да се погодат и двете резервни двојки во ова коло бидејќи поените се калкулираат за Генерален пласман, каде што главниот подарок е Смарт ТВ 48 инчи.

- Оглас -

Најнови вести