На два дена од почетокот на 18-тото коло од бесплатната Спортска прогноза, како и секогаш, играчите кои досега се изјасниле, веќе ги имаат своите фаворити, а покажаа поделеност кај одредени дуели.
Од саботните мечеви, најголем фаворит е Тотенхем, кој гостува кај Евертон, а двојка типувале 69,79 % од играчите.
В недела има четири големи дербија, а мнозинството прогнозери кои досега се изјасниле имаат свои фаворити. Голем процент (68,85 отсто) од играчите се одлучија за кец на Реал против Аттлетико во мадридското дерби, а над 50 проценти од прогнозерите сметаат дека Интер ќе го победи Јувентус во италијанското супердерби и дека Марсеј ќе слави на гости кај Лион.
За премиерлигашката пресметка Арсенал – Ливерпул, скромни 23 отсто веруваат во победа на Црвените, кои се лидери на табелата. Единица типувале 41,22 проценти, а околу една третина се за нерешено.
Во минатото коло на Спортска прогноза имаше четири прогнозери со по 11 точни фикса и тие ќе си добијат вредносни ваучери од по 500 денари од Sport Life.
За максимални 13 погодоци, односно Среќна 13-ка, прогнозерот може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодоци се добива ваучер од 1.000 денари, а 11-ката нуди ваучер од 500 денари.