29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Прогнозерите не веруваат на домаќините, ќе има само три „кеца“ од 13 меча!?

Денеска во 15 часот завршува рокот за сите оние кои сакаат да прогнозираат и да бидат дел од 19 коло на Спортска прогноза на Sport Life. Играта која е бесплатна нуди можност да ги пробате вашите прогнозерски можности, но имате шанса и да добиете и примамливи подароци.

Главна цел на секого е да погоди Среќна 13-ка, односно да точно да ги прогнозира сите 13 средби од понудата. За таков подвиг, следува можност да се одбере една од главните премии, а тоа се Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X.

За 12 погодени фиксови се добива ваучер од 1.000 денари, а 500 денари ваучер следува за 11 погодени натпревари.

Од преку 1.000 прогнозери досега, интересно е дека на само три од 13 меча, домаќините се фаворити. Сампдордија против Болоња, Евертон во дуелот со Лидс и Атлетико Мадрид против Атлетик Билбао се средбите на кои домаќините се фаворити. На четири средби, преку 40 отсто прогнозерите очекуваат да е нерешено, а на шест дуели, гостите се во улога на фаворити.

Погледнете ја понудата за прогнозирање и одиграјте ги вашите фиксови.

- Оглас -

Најнови вести