Прогнозерите не веруваат дека Ливерпул – Манчестер јунајтед ќе заврши нерешено

Помина само еден ден откако е почнато типувањето за 21-вото коло на бесплатната Спортска прогноза која ја организираат Спортманија и Sport Life, а не е мал бројот на играчи кои веќе се изјасниле.

Типувањето трае до сабота во 14.00 часот и дотогаш може да се вклучите и да ги менувате своите прогнози.

Најголемо дерби меѓу 13-те пара од основната понуда е дуелот на најтрофејните англиски клубови Ливерпул и Манчестер јунајтед. Мечот се игра в недела, а според процентите на мнозинството прогнозери, на „Енфилд роуд“ ќе има победник. Засега, 40,2 отсто прогнозери типувале единица, 37,7 двојка, а за нерешено 21,9 проценти.

Како и во секое коло така и сега, главната мисија е да се погоди Среќна 13-ка, а со тоа да се добие шанса да се одбере еден од трите главни подарока.

За погодени перфектни 13 фикса може да се одбира еден од подароците: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X. Доколку имате само еден утнат пар, подарокот е во вид на вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари. Ваучер од 500 денари следува за сите оние кои ќе имаат две утки и 11 погодени натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести