Без разлика каде се на табелата, секогаш е посебно интересно кога играат градските ривали Манчестер јунајтед и Манчестер сити. Викендов „Олд Трафорд“ ќе биде местото за мегдан, што значи дека Јунајтед е домаќин. Во последните пет меѓусебни дуели, Црвените ѓаволи имаат две победи, двапати било нерешено, а Сити се радувал само еднаш.
Иако традицијата вели дека Сити ретко победува во овие пресметки, прогнозерите кои типуваа веруваат во победа на Граѓаните затоа што дури 75 отсто одиграле „двојка“. На победа на Јунајтед се надеваат едвај 13 отсто од прогнозерите.
Освен овој меч, над 70 отсто сигурност за победа им се дава и на Баер Леверкузен на гости кај Хофенхајм, додека најголема сигурица треба да биде триумфот на Селта Виго на свој терен против Рајо затоа што над 82 отсто чекаат „кец“.
Во понудата се вкупно 13 меча од Топ 5 лигите во Европа, а за секој прогнозер главен предизвик е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка, односно да ги погоди сите 13 фиксови. За перфектно типување, на подарок следува iPhone 16. За 12-ка се доделува вредносен ваучер од 1.000 денари, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари.


