24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Прогнозерите не знаат што ќе биде во Лондон, но имаат фаворити во Рим, Истанбул и Севилја

Незапамтена поделеност кај речиси 2.000 прогнозери кои досега типувале на 13-те пара од 12-тото коло на Спортска прогноза има за дуелот на Челзи и Арсенал кој се игра в недела рано попладне на „Стемфорд бриџ“.

Речиси ист е бројот на прогнозери кои се изјасниле за кец (32,44 отсто) и за двојка (32,13 отсто), а малку повеќе (35,43) се оние што типуваат на нерешено на ова лондонско дерби.

И кај саботните мечеви има едно градско дерби, истанбулското помеѓу Галатасарај и Бешикташ, а фаворит на прогнозерите е Галата, 63 проценти веруваат во негова победа.

Во ова коло на Спортска прогноза, која е забавна и бесплатна, треба да се погоди исходот на градските дербија и во Рим и Севилја. Рома е фаворит против Лацио за две третини прогнозери, а скоро 60 проценти типуваат на Бетис против Севилја.

Дерби-дуели има и во Торино, каде што на Јувентус му гостува Интер, како и во Лондон, каде што Ливерпул гостува кај Тотенхем. На овие два меча малку повеќе прогнозери им се наклонети на гостинските тимови.

За погодени 13 меча, сами си ја одбирате премијата, а се нудат:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет и X Box Series X.

Вашите прогнози може да ги ставите и да ги менувате до почетокот на првиот меч од колото, а во случајов тоа е сабота 15 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести