Прогнозерите немаа верба во шампионот, максимумот е 11 погодоци и ваучери од по 500 денари

Победата на францускиот првак Лил против Лион на гостински терен беше главното изненадување и пречка за прогнозерите во 25-тото коло на Спортска прогноза да стигнат до прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“.

Лил победи со 1:0, само 5 проценти од учесниците во оваа рунда погодија двојка и „ајфонот“ остана како цел за некое следно коло.

Награди сепак има, а освоени се три ваучери од по 500 денари што им припаднаа на тројцата најдобри прогнозери во ова коло со по 11 погодени натпревари на популарната Тринаесетка.

Трајче Т., Николчо Н. и Даниел Т. погодија 11 точни исходи и ќе можат да искористат ваучери во Sport Life.

Секако, ова е мотив повеќе да се игра Спортска прогноза, игра што е бесплатна и забавна и може да ви донесе вредни награди.

Следното 26-то коло ќе биде достапно за прогнозирање од утре, од 14 часот, со 13 нови интересни двојки и два резервни пара.

 

- Оглас -

Најнови вести