Прогнозерите немаат дилема, манчестерското дерби ќе му припадне на Сити

На половина од рокот за типување на 14-тото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, јасно е дека за најголемото дерби од основната 13-ка, огромен фаворит на мнозинството играчи е Манчестер сити.

Малку повеќе од 76 отсто прогнозери кои се изјасниле типуваат победа на Сити против градскиот ривал Јунајтед. Победа на Јунајтед чекаат помалку од 10 проценти од играчите.

Типувањето за ова коло е отворено до сабота во 14 часот. Има парови кај кои играчите си имаат фаворит, а некаде поделеноста е голема, но остануваат уште два дена за типување и процентите може да се сменат.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести