Прогнозерите немаат дилеми – Манчестер јунајтед и Милан нема да победат во дерби мечевите во Англија и Италија

Прогнозерите што веќе го одиграа 26. коло на Спортска прогноза немаат дилеми и во огромен процент очекуваат успех на Манчестер сити против Манчестер јунајтед во англиското дерби и на Наполи со Милан во еден од клучните дуели за титулата во Серија А во Италија.

Прогнозирањето се уште е во тек, а последен рок за да се приклучите на бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life е денеска до 15.30 часот.

Има многу интересни 13 двојки, сите од Топ-5 лигите во Европа, а топ се и наградите. Во секое коло, па и во ова 26-то по ред во четвртата сезона на Спортска прогноза се доделува „ајфон12“ за точно погодени 13 пара.

Со една утка наградата е ваучер од 1.000 денари, а со два промашени пара се добива ваучер од 500 денари, награди што ги доделува Sport Life.

За учество има само еден услов, а тоа е да имате СЛ картичка од познатата обложувалница, а и таа е бесплатна и можете во кус рок да ја добиете на сите уплатни места на Sport Life.

Не се двоумете и не заборавајте дека се уште можете да го одиграте 26-то коло на Спортска прогноза до 15.30 часот денеска.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести