Прогнозирањето за новото 19-то коло од бесплатната наградна игра која ја организираат Sport Life и Спорт Манија е во тек и прогнозерите веќе имаат свои големи фаворити, дури и на едно од двете големи дербија кои се најтрактивни во понудата.
И во Ла лига и во Бундеслигата викендов меѓу себе ќе играат првиот и вториот тим на табелата, на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид ќе го пречека хитот во Шпанија, Жирона, додека на „Бај арената“, Баер Леверкузен игра против Баерн Минхен.
Засега прогнозерите немаат никакви дилеми околу дербито во Ла Лига, Реал Мадрид е апсолутен фаворит против Жирона. Дури 76,97 отсто сметаат дека Кралевите ќе слават, додека на Жирона да направи изненадување, како што беше случај со Барселона кога ја совлада на гости, шанси ѝ даваат само 7,17 отсто.
Голема неизвесност најавуваат прогнозерите на дербито во Бундеслигата, каде што засега сите три знаци се во игра, 31,52 отсто од прогнозерите сметаат дека Баер ќе победи, 34,30 отсто веруваат дека бодовите ќе ги освои Баерн, а 34,18 отсто се убедени дека дуелот ќе заврши нерешено.
Уште еден дерби-дуел ќе се игра викендов, и тоа во Серија А меѓу Рома и Интер.
Рома врза три победи по ред со Даниеле де Роси како тренер, но в сабота ќе игра против лидерот на табелата Интер, кој минатиот викенд во најголемото италијанско дерби го совлада Јувентус со 1:0.
Поголема доверба прогнозерите имаат во Интер (46,42 отсто), додека во триумф на Рома веруваат само 12,73 отсто.
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците, се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.