Мечеви од најсилните пет лиги во Европа се дел од понудата во седмото коло на Спортската прогноза, а главниот предизвик на сите оние кои учествуваат е да се обидат да погодат Среќна 13-ка. Доколку има прогнозер кој ќе успее да ги погоди фиксовите на сите 13 средби, ќе си заработи iPhone 16. Оние прогнозери кои ќе имаат 12 погодоци, ќе добијат вредносни ваучери од по 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката вреди 500 денари.
Интересно е дека дури на седум од 13-те понудени дуели, прогнозерите се прилично убедени дека знаат како ќе завршат, па над 70 отсто од нив се имаат одлучено за ист фикс.
Мајнц да слави над Вердер очекуваат 70,78 отсто од прогнозерите, Лајпциг да го победи Штитгарт е со 77,59 отсто. „Сигурици“ се очекува да бидат и победи на Манчестер јунајтед на гости кај Нотингам форест (78,16%), Келн да се радува против Хамбургер (73,62 %), Волфсбург да слави против Хофенхајм (77,13%), Лион да биде подобар на гостувањето кај Брест (78,01%) и Милан да го добие дербито против Рома (72.20 %).
Доколку уште немате прогнозирано тоа може да го направите веднаш.


