20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Прогнозерите никогаш претходно немале толку мала верба во победа на Барселона

Очајните резултати на Барселона се причина за играчите на Спортска прогноза да ја загубат вербата во каталонскиот гигант. Барселона утре ќе гостува во Мадрид кај Атлетико, а едвај 11 проценти покажале верба дека тимот на Ронал Куман ќе победи на овој дерби-дуел. За триумф на шампионот прогнозирале над 54 отсто.

Во второто дерби што е на понудата од 13 мечеви на Спортска прогноза најмногу веруваат дека Аталанта – Милан ќе заврши нерешено, а речиси подеднакви се шансите за еден од двата тима да се радува.

Гавната цел на сите прогнозери е погодување на Среќна 13-ка, односно погодок на сите 13 пара, а премијата е мобилен телефон „ајфон 12“. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека за 11-ка ваучерот е 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести