Прогнозерите нудат коефициент 129.77 за само шест меча во кои има и еден двознак

До 15 часот имате време да одиграте во петото коло од Спортска прогноза кое досега го одиграа повеќе од 1.500 прогнозери и го дадоа своето мислење за понудените 13 мечеви. Оној што ќе успее да погоди Среќна 13-ка, ќе има шанса да одбире еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X).

За 12 погодени следуваат вредносни ваучери од по 1.000 денари, а со 11 погодоци ваучарот изнесува 500 денари во Sport Life. Денеска на понудата има шест меча, а прогнозерите имаат три „сигурици“.

Дури 83 отсто чекаат победа на Болоња против Емполи, а лесни „кецови“ треба да бидат и дуелите Монпелје – Стразбур (76 отсто одиграле за победа на Монпелје) и Валенсија против Селта Виго, каде 80 отсто чекаат домашна радост.

Лајпциг е единствениот гостин кој е фаворит и тоа кај Борусија Менхенгладбах, бидејќи 55 отсто навиваат за „двојка“. Речиси половина од прогнозерите се убедени дека Специја и Сампдорија ќе ремизираат, додека најнеивесно треба да биде во Бундеслигата каде Штутгарт е домаќин на Ајнтрахт. Две третини од прогноерите, односно 66 отсто очекуваат да биде „кец или икс“, односно домаќинот да не загуби, на оваа двојна шанса.

Ако се одигра тикет според процентите на прогнозерите, вкупниот коефициент е 129.77, што значи дека со само 20 вложени денари, можната добивка е 2.595 денари

3002 Болоња – Емполи                            1   2.17

1805 Штутгарт – Ајнтрахт Франкфурт       1Х  1.37

1702 Монпелје – Стразбур                       1   2.45

3003 Специја – Сампдорија                     Х   3.20

1806 Борусија М. – Лајпциг                     2   2.32

1304 Валенсија – Селта Виго                  1   2.40

————————————————————-

Вкупен коефициент                       129.77

- Оглас -

Најнови вести