Прогнозерите „нудат“ коефициент 500 за осум меча во кои има два двознаци!

Дури осум меча се играат денеска од 17 коло на Спортска прогноза, а интересни се типовите кои ги дадоа повеќе од 1.500 прогнозери во оваа бесплатна игра. По вчерашните пет одиграни дуели, само еден прогнозер има перфектни пет погодоци, а има 10-мина со по четири погодени.

Денешните возбудувања ќе започнат со дербито во Холандија меѓу Феенорд и ПСВ, а преку 50 отсто од прогнозерите очекуваат победа на домаќините. Слични се и процентите кога се работи за дуелот Нотингем Форест – Лидс, па и тука „кецот“ е реална варијанта.

Кога играат француски екипи, иксот секогаш е реална опција, па 52 отсто чекаат нерешено на Ајачио – Нант, додека Оксер против Ремс е фаворит според 56 отсто од прогнозите.

Торино треба да ги освои трите бода против Удинезе, барем според 57 отсто од прогнозерите, додека преку 67 отсто веруваат во победа на Штутгарт против Вердер.

Единствената двојка за денеска, барем според најголем дел до прогнозерите е таа на мечот Жирона – Валенсија, затоа што повеќе од половина играчи очекуваат гостите да се радуваат.

Шлаг на денот е дербито меѓу Интер и Милан, а 70 отсто очекуваат победа на Нераѕурите. Милан кој е во очајна форма има поддршка од само 11 отсто од прогнозерите.

Ако ги одиграте овие осум мечеви според најчестите прогнози на играчите на Спортска прогноза ќе добиете вкупен коефицинет од 497.78 што значи дека за минимални 20 денари, можната добивка е безмалку 10.000 денари.

1638 Феенорд – ПСВ                          1   2.25

1009 Нотингем форест – Лидс            1   2.70

2846 Ајачио – Нант                            Х   2.95

2845 Оксер – Ремс                             1X  1.66

3005 Торино – Удинезе                      1   2.37

1808 Штутгарт – Вердер                    1   2.10

1309 Жирона – Валенсија                 Х2  1.64

3007 Интер – Милан                         1   2.05

—————————————————–

Вкупен коефициент:    497.78

 

- Оглас -

Најнови вести