Дури осум меча се играат денеска од оние средби кои се дел од Спортска прогноза. Возбудувањата ќе започнат во 14 часот со дуелот Селта Виго – Реал Сиседад, каде најмногу прогнози има за „икс“ (42 отсто), а речиси 34 отсто се за двојка.
Вест хем ја има фаворитската улога на гости кај Саутемптон затоа што 46 отсто веруваат во триумф на Чеканите. И Лион би требало да слави на гости затоа што повеќе од 52 отсто играле „двојка“ во дуелот со Рен. Интересно е тоа што Специја е еден од најголемите фаворити за победа. Овој тим дома игра против Кремонезе, а безмалку 80 отсто односно три четвртини чекаат „кец“.
Во 16:15 часот се игра дербито на денот, Реал Мадрид е домаќин на Барселона. Речиси 55 отсто од прогнозерите чекаат „кец“, а по 22 отсто се поделени мислењата за реми и „двојка“. Аз Алкмар нема ниеден пораз во првенството и сега над 50 отсто очекуваат овој тим да победи дома во дербито против Феенорд. Само 21 отсто чекаат триумф на гостите.
Второто големо дерби е во Англија меѓу Ливерпул и Манчестер сити. Неверојатно делува фактот дека преку 60 отсто очекуваат гостите да победат, додека на тимот на Јирген Клоп помалку од 20 отсто му даваат шанса за освојување на трите бода. Во исто време со дербито во Англија ќе се игра и дуелот Унион Берлин – Борусија Дортмунд, а и тука над 60 отсто се очекувањата дека гостите ќе се радуваат.
Ако овие осум меча ги одиграте со три двознаци и пет фикса според процентите на гласањето на прогнозерите, ќе добиете вкупен коефициент од 234.91, што значи дека со минимално 20 денари можната добивка ќе ви изнесува 4.698 денари.
1306 Селта Виго – Реал Сосиедад Х2 1.47
1009 Саутемптон – Вест хем Х2 1.38
1707 Рен – Лион 2 3.10
3006 Специја – Кремонезе 1 2.50
1307 Реал Мадрид – Барселона 1 2.37
1637 Аз Алкмар – Феенорд 1Х 1.42
1010 Ливерпул – Манчестер сити 2 1.85
1808 Унион Берлин – Борусија Д. 2 2.40
————————————————————–
Вкупен коефициент 234.91