Шест меча се играат денеска од понудата на Спортска прогноза, а најинтересно ќе биде на италијанското дерби Рома – Милан. Речиси 2.000 прогноери имаа речиси израмнет биланс за тоа кој ќе победи. За триумф на Рома се 30,61 отсто, а во „двојка“ веруваат 30,10 %. Најголем процент односно нешто помалку од 40 отсто мислат дека ќе биде нерешено на „Олимпико“.
Ако возбудувањата завршуваат на „Олимпико“, тогаш стартот на денешните мечеви е во Шпанија, на средбата Кадиз – Мајорка, каде преку 50 отсто се за нерешено, а 33 отсто веруваат во „кец“, па затоа сигурна варијанта е двознак дека гостите нема да ги освојат трите бода.
Двата дуели од француското првенство, Бордо – Ремс и Монпелје – Нант треба да бидат сигурни победи на домаќините. Дури 81 отсто се за победа на Бордо, а преку 76 отсто истото го мислат и за триумф на Монпелје.
На дуелот Аугзбург – Штутгарт само 21 отсто веруваат победа на домаќините, додека речиси 80 се за двознак Х2. Вест хем кој во Купот го елиминираше Манчестер сити, сега е фаворит за победа на гости кај Астон вила во Премиер лигата.
Според прогнозите, тикетот кој „го составија“ прогнозерите носи вкупен коефициент од 96.96 што значи дека со само 20 вложени денари можната добивка е 1.939 денари.
1305 Кадиз – Мајорка 1Х 1.40
1707 Монпелје – Нант 1 2.35
1708 Бордо – Ремс 1 2.55
1808 Аугзбург – Штутгарт Х2 1.38
1009 Астон вила – Вест Хем 2 2.50
3009 Рома – Милан Х 3.35
————————————————————————-
Вкупен коефициент 96.96