Прогнозерите нудат неделен тикет со осум парови и вкупна квота 764

Деветтото коло на Спортска прогноза се игра само во два дена, уште вечерва ќе се знае дали ќе има освојувачи на награди.

Точно 1.946 прогнозери се дел од деветтата рунда на популарната бесплатна игра, а само четворица од нив имаат максимални пет погодоци по вчерашните мечеви на кои победуваа домашните тимови. Победите на Лестер, Лацио и Унион Берлин, беа трите саботни изненадувања за огромен број прогнозери.

За денеска се закажани дури осум натпревари кои ќе решаваат дали ќе има освојувачи на награди. Како и секоја недела, и овојпат составивме „замислен тикет“ според процентите на прогнозерите и кого тие фаворизираат. Ако верувате во мнозинството, треба да уплатите и да чекате голема добивка.

За мечот Калјари – Сампдорија, 48,4 отсто од играчите типувале на нерешено. Квотата за „икс“ е 3.30. Точно 48 отсто мислат дека Евертон ќе слави во пресметката со Вест Хем, игра за која во Sport Life има квота 2.65. Голем дел од прогнозерите (70,6 отсто) веруваат дека Бордо дома ќе го совлада Нант, а 64,5 отсто се оние што типувале на триумф на Удинезе против Болоња.

Потоа следува еден меч на кој поголеми шанси им се даваат на гостите, а тоа е пресметката на Њукасл и Тотенхем. Во Тотенхем веруваат 70,4 проценти од оние речиси 2.000 играчи на Спортска прогноза.

Главен фаворит на играчите на Спортска прогноза за денеска е Вилјареал против Осасуна, бидејќи дури 93,6 отсто типувале кец.

Во победа на Јувентус над Рома се убедени 67,2 проценти од прогнозерите, а големи 76,4 отсто типувале победа на Барселона над Валенсија.

Овие осум меча одиграни на тикет прават вкупен коефициент од 764.

Тикет кој го нудат прогнозерите на база на најголем број на одиграни фиксови

3004 Калјари – Сампдорија Х         3.30

1707 Бордо – Нант    1          2.90

3005 Удинезе – Болоња        1          2.38

1008 Евертон – Вест Хем     1          2.65

1009 Њукасл – Тотенхем      2          2.30

1305 Вилјареал – Осасуна    1          1.72

3009 Јувентус – Рома            1          2.00

1306 Барселона – Валенсија 1          1.60

——————————————————————————

Вкупен коефициент 764

 

- Оглас -

Најнови вести