Прогнозерите нудат одличен коефициент од 179, а пет меча се играат со двознаци

Последното коло на втората сезона од Спортска прогноза нуди дури девет неделни меча и тоа од најсилните лиги во Европа. Возбудувањата треба да започнат во 15 часот за кога е закажан мечот Борнмут – Саутемптон. Домаќините се борат за опстанок додека гостите немаат речиси никакви мотиви за игра, па повеќе од очекувано е да биде „кец“, во што веруваат и 57 отсто од прогнозерите кои играле во последното коло.

Еден од повеќето дерби дуели ќе биде тој во Лондон меѓу Тотенхем и Лестер. Домаќините сакаат да играат во Лигата на Европа, а Лестер очекува да обезбеди место во ЛШ, а точно 66,1 отсто од 923 прогнозери во последното коло шанса даваат дека Тотенхем ќе се радува.

Парма не смее да загуби од Торино, очекуваат дури 87 отсто од прогнозите, па прогноза од 1Х треба да е сигурен тип за овој пар. Двојна шанса 1Х е најдобро да се одигра и во полуфиналето од ФА Купот меѓу Манчестер јунајтед и Челзи. Победа на Манчестер очекуваат 55 отсто од прогнозерите, а преку 30 отсто се за икс, па двојна шанса треба да е сигурно погодена.

Нема поголем „кец“ од тој на Џенова – Лече. Двата тима се борат за опстанок, а домаќините моментно се во сигурната зона со еден бод пред Лече кој е во зоната за испаѓање. Во победа на тимот на Горан Пандев веруваат неверојатни 92 отсто од прогнозерите.

Двојка шанса со предност за домаќините имаат и Фиорентина против Торино и Севилја во дуелот со Валенсија. Дури 93 отсто од прогнозерите не очекуваат Торино да слави во Фиренца, а само 10 отсто веруваат дека Валенсија може да победи на гости во Севилја.

Ако треба да се брка еден храбар икс тоа треба да биде на дуелот Валјадолид – Бетис, затоа што дури 53 отсто од прогнозерите очекуваат нерешено да заврши овој меч од последното коло во шпанското првенство.

Како шлаг на денешната понуда е дербито во Рим меѓу Рома и Интер. Иако Римската волчица е домаќин, само 17 отсто очекуваат „кец“, додека останатите преку 80 отсто се надеваат на Х2.

Ако ги одиграте овие девет меча со дури пет двознаци, ќе добиете вкупен коефициент од 179, што значи дека за минимални 20 вложени денари, добивката е 3.581 денари

ПРЕДЛОГ ТИКЕТ ВО SPORT LIFE СПОРЕД ПРОЦЕНТИТЕ НА ПРОГНОЗЕРИТЕ

1002           Борнмут – Саутемптон           1      2.50

1003           Тотенхем – Лестер                   1      2.40

3704           Парма – Сампдорија               1Х   1.46

1111           Манчестер ј. – Челзи               1Х   1.38

3709           Џенова – Лече                           1      1.92

3707           Фиорентина – Торино              1Х    1.26

1301           Валјадолид – Бетис                  Х      3.45

1309           Севилја – Валенсија                 1Х     1.25

3711           Рома – Интер                              Х2     1.42

————————————————————————————–

Вкупен коефициент            179,1

 

- Оглас -

Најнови вести