До 15 часот имате можност да прогнозирате за паровите од 26. коло на Спортска прогноза, бесплатната игра на Sport Life. Речиси 2.000 прогнозери досега ги дадоа своите мислења за 13-те понудени средби за денеска и утре.
Денеска ќе се играат седум натпревари, а возбудувањата ќе започнат во Серија А со дуелот Болоња – Милан, а дури 75 отсто од прогнозерите веруваат дека Росонерите ќе ги освојат трите бода.
Од мечевите кои се играат денеска, прогнозерите се речиси едногласни околу исходите на пет дуели. Челзи да го победи Брајтон очекуваат над 72 отсто, високи 77 отсто е за Евертон да слави против Фулам, а Келн да го победи Мајнц веруваат 68 отсто. За најсигурен пар се смета дуелот Рен – Римс, каде точно 80 отсто чекаат „кец“.
Спортската прогноза и во ова коло како и во секое претходно нуди одлични подароци доколку бидете успешни во прогнозите, па прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.