Вкупно осум натпревари се играат денеска од понудата во 23-то коло на Спортска прогноза, меѓу нив се и трите големи дербија, Ел Класико, Дерби дела Капитале и Дерби Италија, а прогнозерите нудат интересни комбинации.
Возбудувањата ќе започнат во 12:30 часот и тоа со натпреварот од Серија А меѓу Сампдорија и Верона. Токму за овој натпревар, прогнозерите имаат најголема доверба во домаќинот. Дури 68 отсто сметаат дека Сампдорија ќе победи.
За Француската пресметка меѓу Троја и Брест, прогнозерите имаат различно мислење, 50 отсто сметаат дека домаќинот ќе слави, а 41 отсто дека натпреварот ќе заврши без победник.
Голема е довербата и во победата на Унион Берлин над Ајнтрахт Франкфурт (61 отсто), како и на Севилја против Хетафе (63 отсто).
Очекувано, најнеизвесни се прогнозите за дерби дуелите. Првото дерби се игра од 18 часот и тоа меѓу Лацио и Рома. Прогнозерите очекуваат овој натпревар да заврши без победник, 45 отсто типувале на нерешено, а 37 отсто дека Лацио ќе победи, додека најмала доверба имаат во Рома (17 отсто).
Во втоторо дерби со Серија А, играат Интер и Јувентус. тука 45,90 отсто сметаат дека Интер ќе слави, а 33 отсто дека нема да има победник. На победа на Јувентус типувале 20 отсто од прогнозерите.
Шлагот на 23-то коло на Спортска прогноза е Ел Класико и тука речиси индентични шанси за победа им се даваат и на Барселона и на Реал Мадрид. Во победа на Барселона веруваат 37,49 отсто, додека 36 отсто сметаат дека Реал Мадрид ќе победи.
3006 Сампдорија – Верона 1 3,05
1708 Троа – Брест 1Х 1,51
1807 Унион Берлин – Ајнтрахт Ф. 1 2.45
1307 Осасуна – Вилјареал 2 2,52
3009 Лацио – Рома 1Х 1,41
1309 Хетафе – Севилја 2 2,75
3613 Интер – Јувентус 1Х 1,21
1360 Барселона – Реал Мадрид 12 1,30
———————————————-
Вкупен коефициент: 173.42