Прогнозерите „нудат“ шест меча на кои има и два двознаци за вкупна квота од 86

Двајца прогнозери имаат максимални седум погодоци по вчерашните мечеви кои се одиграа во рамките од 19 коло на Спортска прогноза. За денеска остануваат да се доиграат уште шест дуели за кои преку 1.500 прогнозери ги дадоа своите предвидувања.

Возбудувањата ќе започнат со дуелот меѓу Хетафе и Селта Виго, а речиси 60 отсто очекуваат триумф на тимот од мадридското предградје. Нерешен резултат се смета како најреална опција за средбата меѓу Мајорка и Рајо Вајекано.

Олимпик Лион игра на гости кај Монпелје и треба да е фаворит за победа, барем според прогнозите на скоро 55 отсто од играчите на Спортска прогноза. Најголеми дилеми има за дуелот меѓу Астон вила и Манчестер јунајтед. За „кец“ се 43 отсто, а во „двојка“ веруваат 34 отсто од прогнозерите.

Ателтико Мадрид е голем фаворит на гостувањето кај Севилја, барем според 72 отсто од типувањата, а дербито меѓу Ница и Монако може да заврши нерешено, а гостите се сметаат за поголеми фаворити во однос на Ница.

Според процентите на типувањата на прогнозерите, „нивниот“ најреален тикет би изгледал вака:

1306 Хетафе – Селта Виго                        1   2.27

1307 Мајорка – Рајо Валјекано                 Х   2.90

2903 Монпелје – Олимпик Лион               2   2.42

1009 Астон вила – Манчестер ј.               Х2  1.61

1308 Севилја – Атлетико Мадрид              2   2.15

2904 Ница – Монако                                Х2   1.57

——————————————————————

Вкупен коефициент:               86.57

- Оглас -

Најнови вести