Прогнозерите очекуваат Манчестер јунајтед да ја продолжи рекордната низа

Манчестер јунајтед во претходното коло на драматичен начин со пресврт во второто полувреме стигна до победа на гостувањето кај Саутхемптон од 3:2. Со тој триумф, Црвените ѓаволи поставија клупски рекорд од осум победи во низа на гостински терен. Утре Манчестер јунајтед го очекува нов предизвик, и тоа на гости во Лондон против Вест хем.

Дуелот на стадионот на Чеканите е еден од 13-те кои се во понудата за ова коло на Спортска прогноза, а од речиси 2.000 прогнозери досега, дури 75 отсто очекуваат тимот на Оле Гунар Солскјер да стигне до нова победа. Од останатите понудени мечеви, неколку средби се „сигурни“ според процентот на прогнозираното. Со над 70 отсто се очекуваат триумфи на Тотенхем, Рен, Бордо, Аталанта и Хофенхајм.

Ова е 13-то коло од третата сезона на Спортска прогноза, можеби и среќно за вас да стигнете до освојување на мобилен телефон „ајфон 11“. Треба да ги погодите сите 13 фиксови за да бидете сопственик на вредниот мобилен телефон. Подароци има и за 12 и 11 погодоци. Sport Life подготви вредносни ваучери од по 1000 и 500 денари за сите оние кои имаат по едно, односно две промашувања на БЕСПЛАТНАТА игра.

- Оглас -

Најнови вести