Атлетико Мадрид и Барселона полни со оптимизам и позитивна атмосфера го очекуваат нивниот меѓусебен дуел в недела, во рамките од шпанското првенство. Атлетико Мадрид синоќа по голема драма, на пенали го елиминира Интер од Лигата на шампионите, а една вечер претходно Барселона пред своите навивачи се радуваше на победа против Наполи во елитното европско натпреварување на УЕФА.
Неделниот дуел меѓу шпанските гиганти ќе се игра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а прогнозерите поголеми шанси му даваат на Атлетико Мадрид. Над 40 отсто досега очекуваат победа на Јорганџиите, околу 35 отсто чекаат реми, а само 20-тина отсто од прогнозерите предност за победа ѝ даваат на Барселона.
Освен ова дерби, тука е и дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул во ФА купот, а интересно е дека, иако мечот ќе се игра на „Олд Трафорд“, само 15 отсто чекаат Црвените ѓаволи да победат, додека речиси 65 отсто веруваат во триумф на Ливерпул.
Во понудата се уште 11 интересни дуели и главен предизвик за секој прогнозер е да погоди Среќна 13-ка, односно да се обиде да ги погоди сите 13 фиксови. За ваков подвиг, односно погодени 13 пара, прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодени се добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.