Прогнозерите очекуваат најмногу „иксови“: Од седум меча до квота од 220

Тројца прогнозери имаат максимален учинок од пет погодени фиксови, по петте средби кои вчера се одиграа, а се дел од ова коло на Спортска прогноза. За денеска се закажани уште седум дуели од основната понуда, но во конкуренција ќе влезе и првиот резервен пар и тоа на местото на дуелот меѓу Гранада и Валенсија кој не се одигра во предвидениот термин вчера.

Денешните возбудувања ќе започнат во 13 часот, кога ќе играат Ленс и Монако. дури 44 отсто очекуваат икс на овој меч. Речиси слична е ситуацијата и на дуелот Кадис – Селта Виго каде 45 отсто се за нерешено, но тука има и 42 отсто кои веруваат во двојка.

Преку 55 отсто за икс има на пресметката меѓу Ле Авр и Римс, а најголем дел од прогнозерите чекаат нерешено и на Бетис – Атлетик Билбао.

Ливерпул треба да го добие финалето против Челзи во Лига купот, а Лас Палмас и Аугсбург да ги искористат домашните терени против Осасуна и Фрајбург.

Доколку се одигра тикет според процентите и предвидувањата на најголем дел од прогнозерите се добива интересен тикет со голем вкупен коефицинет.

1704 Ленс – Монако                   Х  3.40

1306 Кадис – Селта Виго           Х2  1.34

1705 Ле Авр – Римс                    Х  3.15

1092 Челзи – Ливерпул              2   2.17

1307 Бетис – Атлетик Билбао     Х2  1.28

1308 Лас Палмас – Осасуна         1   2.45

1808 Аугсбург – Фрајбург            1   2.25

——————————————————

Вкупен коефициент:         219.74

- Оглас -

Најнови вести