Прогнозерите очекуваат прв пораз на Јувентус сезонава во Серија А

Помалку од 24 часа остануваат до почетокот на уште едно коло на Спортска прогноза, што значи дека оние кои не ги дале своите фиксови, треба да побрзаат. Вкупно 13 интересни мечеви од Топ 5 лигите се на понудата, а посебно внимание предизвикуваат неколку дерби дуели.

Наполи е домаќин на Јувентус, а според предвидувањата на прогнозерите, повеќе од половина од нив (52 отсто) очекуваат Старата дама да загуби на гостувањето на југот на Италија. Ова е посебно интересно затоа што Јувентус сезонава уште нема ниту еден пораз во првенството, но теренот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ секогаш бил „жежок“ за гостите, па може и да се очекува капитулација на гигантот од Торино. Помалку од 10 отсто чекаат Јувентус да победи во ова дерби.

Во англиската Премиер лига, Манчестер сити на свој терен игра против Челзи и повеќе од 70 отсто веруваат дека граѓаните ќе победат. Англискиот првак има само пет победи во последните 19 средби во сите натпреварувања, но прогнозерите очекуваат дека тимот на Пеп Гвардиола ќе покаже сила во ова дерби.

За сите прогнозери главен предизвик е да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 фикса на понудените мечеви. Со 13 погодени натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива подарок ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а прогнозерот кој ќе погоди 11 натпревари ќе си добие ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести