Прогнозерите од седум меча со три двознаци направија тикет со коефициент 79 !

Двајца прогнозери се со перфектни шест погодени од шест меча, по саботната понуда од 24. коло на Спортска прогноза. Тие двајца остануваат во трката за освојување на мобилен телефон Ајфон 12, но и останатите кои имаат само една или две промашени се со шанса за добивање на вредносни ваучери од Sport Life. До комплетирање на ова коло остануваат да се одиграат денешните седум натпревари.

Неделните возбудувања започнуваат во 12:30 часот со дуелот од Серија А меѓу Фиорентина и Аталанта. За победа на гостите типувале 56 отсто од прогнозерите, што е доволно да веруваме во „двојка“.

Дури три четвртини, односно точно 75 отсто е прогнозата дека Севилја ќе слави во Барселона против Еспањол. Венеција игра дома против Џенова, а прогнозерите се поделени и 43 отсто се за кец, а 40 отсто за двојка, па затоа најдобро е да се одигра двознак дека домаќините нема да загубат.

Најсигурен кец треба да е победа на Реимс против Брест, затоа што 77 отсто веруваат во такво нешто. Дербито на денот се игра на „Месталја“, каде Валенсија е домаќин на Барселона. Дури 70 отсто очекуваат каталонскиот гигант да победи.

Последните два меча од понудата се со двознаци и тоа идентични (1Х), односно домаќините да не загубат.

Овие седум меча типувани од околу 2.000 играчи на Спортска прогноза носат вкупен коефициент од 79.45, што значи дека со само 20 вложени денари, можната добивка е 1.589 денари.

 

3005 Фиорентина – Аталанта                       2     2.80

1307 Еспањол – Севилја                              2      2.30

3006 Венеција – Џенова                              1Х     1.40

1706 Реимс – Брест                                      1     2.50

1308 Валенсија – Барселона                        2      2.07

1110 Вулверхемптон – Лестер                     1Х     1.31

1310 Атлетик Билбао – Реал Сосиедад         1Х     1.30

—————————————————-

Вкупен коефициент                           79.45

- Оглас -

Најнови вести