Прогнозерите одат на поправен испит, „ајфон12“ се уште е топ предизвик

Јубилејното 20. коло на Спортска прогноза е во тек и повторно популарната Тринаесетка на Спорт Манија и Sport Life е многу интересна и претставува вистински предизвик да се одигра прецизно за топ-награда, мобилен телефон „ајфон12“.

Колото е отворено за прогнозирање до сабота до 13.30 часот кога ќе почне дуелот од Премиерлигата меѓу Евертон и Астон Вила.

Во сабота има вкупно пет меча што треба да се погодат со конечен исход, а во фокусот ќе биде дуелот од Серија А меѓу Лацио и Аталанта што ќе се игра на „Олимпико“ во Рим од 20.45 часот.

Во недела се преостанатите 8 натпревари со неколку дерби пресметки.

Почетокот е одличен со дуелот меѓу ПСВ Ајндховен и Ајакс од 14.30 часот. Како шлаг на тортата се последните два дуели што се на менито на Спортска прогноза во 20. коло.

Од 17.30 часот ќе се игра лондонското дерби меѓу Челзи и Тотенхем и за крај на колото во 20.45 часот е италијанското дерби меѓу Милан и Јувентус.

Награди со бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life секогаш има дури и ако промашите еден, или два пара.

За погодени 12 натпревари се добива ваучер од 1.000 денари што може да се искористи во Sport Life, а за две утки, или погодени 11 натпревари на секој прогнозер му следува ваучер од 500 денари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести