14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Прогнозерите почнаа скромно, второто коло веќе e во тек и нуди нова шанса за супер добивки

Прогнозерите скромно ја почнаа новата, петта сезона по ред на Спортска прогноза и максимумот им беа 8 погодени натпревари од понудените 13, што е далеку од добивките кои ги доделуваат Sport Life и Спорт Манија.

Шанса за поправен сите учесници во бесплатната игра, што е и многу забавна и трае веќе пет сезони, големата армија на прогнозери има веќе од денеска, од 14 часот.

Подготвени се новите 13 пара и две резервни двојки за второто коло на Спортска прогноза што може да се одигра веднаш.

Услови нема никакви, играта е бесплатна, а има многу подароци и за секое коло и по завршувањето на сезоната за најдобрите во Генерален пласман.

Треба само да имате СЛ клуб картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна и може да се добие во кус рок на сите уплатни места на обложувалницата.

Од оваа сезона новитет е што за погодена Тринесетка во секое коло сами можете да си одберете награда од понудените три варијанти – Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет, X Box Series X.

Како и секогаш, се наградуваат и утките, па со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а за погодени 11 пара ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести