Прогнозерите поделени околу тоа дали Јуве ќе го победи Милан, а си имаат свои јасни фаворити

Петтото коло на бесплатната Спортска прогноза е во тек, може да се типува до сабота во 15.30 часот, кога ќе почне мечот од Бундеслигата меѓу Мајнц и Фрајбург, а во понудата има низа интересни мечеви на кои е предизвик да се погоди конечниот исход.

Ви останува предизвикот да ги погодите сите 13 пара од основната понуда и да бидете освојувач на „ајфон 12“. Тука се и вредносните ваучери од Sport Life од 1.000 и 500 денари за погодени 12, односно 11 парови од понудата во тековното коло.

Дербито во Торино, каде што Јувентус го пречекува Милан, ги подели прогнозерите. Околу половина мислат дека Старата дама конечно ќе победи, а другата половина е поделена за реми и триумф на Милан, кој засега е перфектен со максимални девет бодови по три кола.

За градското дерби во Лондон, на кое Тотенхем му е домаќин на Челзи, засега мнозинството (околу 60 проценти) прогнозирале победа на Сините. Голем е процентот на прогнозери кои прогнозираат дека Реал Мадрид ќе слави на гости кај Валенсија. Во минатата сезона, Реал на „Месталја“ направи дури три пенали и претрпе убедлив пораз.

Не треба да се заборават и двата резервни пара кои се бодуваат за Генерален пласман.

За учество во играта ви треба само СЛ картичка од Sport Life, која, како и играта, е бесплатна и можете да ја извадите во сите уплатни места на најдобрата обложувалница во Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести