Ниту еден прогнозер ги нема погодено максималните девет натпревари кои се играа вчера во рамките од првото коло на новата осма сезона од бесплатната игра на Sport Life. Илија П. засега е најдобар со осум погодени од девет одиграни средби. Киксот му е на дуелот меѓу Евертон и Астон вила на кој тој типувал победа на гостите, а мечот заврши 0:0.
Денеска ќе се играат уште четири интересни натпревари, а преку 1.000 прогнозери „составија“ како е најреално да завршат тие пресметки. Возбудувањата ќе започнат со дуелот Пиза – Удинезе на кој преку 54 отсто од прогнозерите очекуваат гостите да се радуваат на триумф. „Двојка“ се очекува да биде и на шпанската пресметка меѓу Леванте и Бетис. Тука, прогнозерите се уште поубедени дека гостите ќе победат, па на Бетис одиграле речиси три четвртини од оние кои типувале.
И во француското првенство, на дуелот Рен – Лион, фаворитската улога е за гостите. Над 65 отсто чекаат овој натпревар да заврши со „двојка“.
Честа на домаќините треба да ја одбрани Манчестер сити кој пред своите навивачи ќе игра против Манчестер јунајтед, а над 75 отсто од прогнозерите веруваат дека на крајот ќе биде „кец“. Неверојатни само 10 отсто од прогнозерите веруваат дека Манчестер јунајтед може да слави на теренот на градскиот ривал.
Ако овие четири дуели се одиграат на еден тикет според типувањата на прогнозерите, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е одличен и изнесува 29.23.
3006 Пиза – Удинезе 2 2.70
1307 Леванте – Бетис 2 2.25
1010 Манчестер С. – Манчестер Ј. 1 1.76
1709 Рен – Лион 2 2.75
————————————————————————-
Вкупен коефициент е 29.23