Остануваат точно 24 часа за да ги одиграте вашите фиксови на понудените 13 пара од шестото коло на Спортската прогноза на Sport Life.
Во понудата се мечеви од петте најатрактивни и најсилни лиги во Европа, a предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да имаат перфектен биланс, а веќе има неколку фаворити.
Најголеми шанси за домашна победа има Аугсбург со 87.05 отсто шанси за триумф на Дармштад, во Штутгарт веруваат 68,18 отсто дека ќе го совлада Волфсбург, Ланс има 57,27 отсто доверба кај прогнозерите дека ќе слави против Лил.
Најголеми фаворити кај гостинските екипи се Монако и Бетис. Во Монако веруваат 78,40 отсто од прогнозерите дека ќе слави против Ремс, додека во Бетис над Алавес веруваат 71,33 отсто.
Во најинтересниот натпревар во шестото коло на Спортска прогноза, меѓу двете најдобри екипи во Премиер лигата, Арсенал и Манчестер сити, прогнозерите имаат двојно поголема доверба во Граѓаните. Во победа на Манчестер сити веруваат 46,31 отсто од прогнозери, додека во Арсенал 22,16 отсто.
Не заборавајте да типувате и на двата резервни пара кои се многу важни бидејќи освен што се бројат за Генерален пласман, може да ви донесат многу среќа ако во колото не сте единствен со 13-ка.
Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прифатете го предизвикот и прогнозирајте за да бидете во трка за освојување на примамливи подароци!