Прогнозерите се блиску до „ајфон 12“, седмото коло донесе и два ваучери од по 500 денари

Спортската прогноза станува сè помасовна во четвртата сезона, а прогнозерите се сè поблиску до освојување на главната премија што Sport Life ја доделува во секое коло, а тоа е прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“.

И во седмото коло имаше одлични прогнозери, а двајца од нив, Борис и Бобан погодија по 11 натпревари и добија ваучери од по 500 денари за уплата на тикети во Sport Life.

Интересна прогноза имаше Борис С. со промашен прв и последен пар. Тргна со утка на мечот меѓу Херта и Фрајбург, кој е типуван со „нула“, а заврши со победа на гостите од 1:2, а потоа нанижа 11 погодени натпревари и повторно имаше промашување на последниот меч на Тринаесетката во седмото коло.

Мечот меѓу Аталанта и Милен го прогнозираше со знак единица, а Милан победи со 3:2 и спречи двојно поголем ваучер од 1.000 денари.

Бобан С. исто така промаши два натпревари, а утките на дуелите меѓу Болоња и Лацио и на мечот меѓу Лил и Марсеј, двата типувани со двојки, на кои победија домаќините, сепак не го остави без награда и ваучер од 500 денари.

Четвртата сезона почна одлично за прогнозерите и речиси во секое коло има добитни ваучери, па се чека моментот кога некој од сè побројната армија на прогнозери ќе погоди Тринесетка за „ајфон 12“.

Следното осмо коло ќе почне од утре со нови 13 двојки, плус два резервни пара кои носат поени во Генерален пласман, а за учество ви треба само СЛ картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна и може брзо да се добие на сите уплатни места на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести