Прогнозерите се едногласни, денеска домаќините ќе победуваат

Повеќе од 1.000 прогнозери досега ги дадоа своите типови за 13-те мечеви од 28 коло на Спортска прогноза, а остаува уште малку време (до 16 часот денеска), да се направат прогнози на оние кои тоа досега заборавиле.

Денеска ќе се играат пет меча, а за утре е оставена кулминацијата кога треба да се доиграат останатите осум средби. Според досегашните прогнози, на сите пет денешни дуели фаворитската улога е кај домаќините. Над 80 отсто очекуваат Манчестер сити да го елиминира Челзи во ФА Купот по 90 минути игра, а на Рајо Валјекано му се даваат преку 70 отсто шанси да го победи Осасуна.

Домашниот терен треба да биде адут и за триумфи на Шефилд јунајтед, Валенсија и Верона. За утре се чекаат неколку интересни дуели, а можно е да го видиме и првиот пораз на Баер Леверкузен сезонава. Фармацевтите гостуваат кај Борусија Дортмунд и над 40 отсто чекаат Милионерите да победат.

Шлагот на ова коло е на крајот. Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ игра против Барселона.

Како во секое коло, така и овојпат главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, која носи можност да се одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодоци се добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката е доволна за ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести