Прогнозерите се „лизнаа“ на дербијата во Лондон и во Рим

Само еден прогнозер од вкупно 1312 кои учествуваа во 23-тото коло на Спортска прогноза успеа да погоди 9 парови, меѓутоа тоа не му носи награда. Со овој податок може да се потвди дека колото е безуспешно, а голем дел од прогнозерите потфрлија да ги погодат дербијата меѓу Челзи и Манчестер јунајтед, односно Лацио и Интер.

Повеќето очекуваа триумф на тимот кој го предводи Антонио Конте, но сепак Лацијалите се радуваа на „Олимпико“, додека Црвените ѓаволи вчера го освоија „Стемфорд бриџ“. Главната награда iPhone XS и овојпат избега, исто како и ваучерите кои може да се искористат во Sport Life обложувалници.

Слабиот учинок во ова коло не значи дека прогнозите се залудни бидејќи тие се бројат во Генералниот пласман. Таму уште на врвот е Т. Христијан со 169 прогнози, односно 12 повеќе од второ и третопласираните Дејан и Петре.

Спортската прогноза денес ќе продолжи, паровите во новото 24-то коло ќе се знаат по 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести