Прогнозерите се опасни кога играат репрезентациите, приклучете им се во трката за „ајфон12“

Осмото коло на Спортска прогноза е специјално и сите 13+2 парови се од квалификациите за настап на Светското првенство во Катар што ќе се игра идната година.

Реткост се ваквите рунди во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија, па можеби сега е шансата за атак на „ајфон12“, главната премија што се доделува во секое коло за погодени 13 натпревари.

Колото е многу интересно, а последен пар на популарната Тринаесетка е мегадуелот во Скопје меѓу Македонија и Германија на 11 октомври.

Германците доаѓаат по реванш за сензационалниот пораз што го доживеаа од нас во март годинава во Дусибург, кога победивме со 2:1, што сè уште е најголемото изненадување во квалификацискиот циклус за пат во Катар.

Огромниот дел од прогнозерите што досега типуваа, односно 82 отсто веруваат дека Германија ќе победи во Скопје, а оптимисти се околу 5,6 отсто дека пак ќе приредиме подвиг и ќе ги победиме четирикратните светски прваци.

Можеби од тој дуел и ќе зависи дали некој од прогнозерите ќе успее да ја погоди Тринаесетката за да освои „ајфон12“, па останува само да се приклучите со ваши типови за осмото коло во четвртата сезона на играта што е бесплатна и многу забавна.

Сè што ви треба е да имате СЛ картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна и може во кус рок да се добие на сите уплатни места на обложувалницата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести