Осмото коло на Спортска прогноза кое е достапно за прогнозирање до сабота во 16 часот е во знакот на дербито од Премиер лигата помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, па предизвикувачки е да се погоди исходот на овој и другите 13 пара за да се стигне до посакуваниот „ајфон 11“.
Според процентот на тие што досега типувале, на „Олд Трафорд“ ќе победат домашните. За Манчестер јунајтед се изјасниле речиси 63 отсто, а во победа на Арсенал веруваат само 11 проценти од прогнозерите. Ривалството на трофејните клубови трае повеќе од 120 години. Првиот меч го имаат одиграно на 13 октомври 1894 година, а досега се сретнале дури 233 пати.
Колото почнува в сабота во 16 часот, со дуелот на Атлетик Билбао и Севилја, каде што повеќе шанси му се даваат на тимот од југот на Шпанија, но Баскијците дома секогаш се незгодни, иако нема публика.
Доколку успеете да погодите Среќна 13-ка, ќе бидете добитник на мобилниот телефон „ајфон 11“, додека со една или две утки ви следува вредносен ваучер од Sport Life во износ од 1.000, односно 500 денари.
Учеството е бесплатно, па не чекајте, прогнозирајте!