21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Прогнозерите се сигурни за четири меча на кои квотите им се движат од 2.60 до 2.85

Дури девет меча се одиграа вчера кои беа дел од деветото коло на Спортска прогноза. Атанас и Горан се двајцата најдобри со по осум погодени фиксови. Интересно е дека од вчерашните девет меча, само на еден победи домашен тим, додека пет пати се радуваа гостите, а три дуели завршија нерешено.

За денешниот предизвик остануваат уште четири дуели. Верона е домаќин на Монца и дури 58 отсто од прогнозерите чекаат победа на домаќините. Нант пред своите навивачи игра против Римс, а одлични 72 отсто од прогнозерите чекаат „кец“.

Преку 50 отсто е и проценката дека Каљари ќе се радува дома против Џенова, додека во три поени за гостите верувават едвај 10 отсто. Во мечот со кој ќе финишира ова коло, Фиорентина е домаќин на Јувентус, а тука гостите се фаворити. Точно 60 отсто од прогнозерите одиграле за „двојка“, а под 10 отсто се прогнозите дека Виолетовите може да бидат подобри на свој терен.

3005 Верона – Монца                  1             2.85

1707 Нант – Римс                        1             2.85

3006 Каљари – Џенова               1             2.75

3008 Фиорентина – Јувентус      2             2.60

————————————————————-

Вкупен коефициент:                            58.07

- Оглас -

Најнови вести