Прогнозерите се сопнаа на германскиот хит, малкумина веруваа во нив, а тие победија со 6:1

И второто коло на Спортска прогноза во својата петта сезона не донесе награди за прогнозерите, а максиум на погодени натпревари беа 10 за петмина учесници во играта што ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Недостасуваше само уште еден погоден натпревар за ваучери од 500 денари што се доделува од Sport Life за погодени 11 мечеви на популарната Тринаесетка.

Грото од прогнзоерите ги изненади Унион Берлин, екипа која е на врвот во Бундеслигата со Баерн Минхен со по 10 бода.

Тие го декласираа Шалке 04 со 6:1 на гостински терен, а само околу 18 проценти од прогнозерите типуваа дека Унион Берлин ќе победи.

Потфрлија и Вилјареал со Хетафе и Наполи против Фиорентина, барем според големите проценти на прогнозерите кои веруваа во нивни победи.

За триумф на Жолтата подморница во Мадрид се изјаснија дури 84,6 проценти од учессниците во второто коло на Спортска прогноза, а мечот заврши нерешено без голови.

И Наполи одигра идентично во Фиренца, а дури 67 отсто од прогнозерите очекуваа победа на Елиф Елмас и неговите соиграчи.

Нова шанса за поправен испит за бројната армија на играчи на Спортска прогноза ќе има во третото коло, кое ќе биде достапно за прогнозирање од утре од 14 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести