Прогнозерите се убедени дека Арсенал, Борусија Дортмунд, Марсеј и Лацио ќе загубат

Многу дерби-дуели има во 25-тото коло на Спортска прогноза, но оние кои веќе ги дадоа своите типови покажаа дека имаат фаворити. Манчестер сити и Арсенал се во борба за титулата во Премиер лигата, а сега ќе играат меѓу себе на теренот на Граѓаните. Според прогнозерите, речиси три четвртини од прогнозерите (74 отсто), очекуваат триумф на актуелниот англиски првак, додека во Арсенал веруваат едвај 9 отсто.

Уште поголема доминација му се дава на Баерн Минхен, кој ја пречекува Борусија Дортмунд во најголемото германско дерби. Баварците грчевито се борат да останат во трка за титулата со Баер Леверкузен, а дури 85 отсто чекаат да биде „кец“. Неверојатно е дека помалку од 5 отсто веруваа дека Милионерите од Дортмунд може да си заминат триумфално.

Најголемото дерби се игра и во Франција. Олимпик Марсеј е домаќин на ПСЖ, а 60 отсто од прогнозерите чекаат на крајот да се радуваат гостите. Слично е и на дербито во Серија А, каде што Јувентус иако е гостин кај Лацио, има над 50 отсто доверба дека ќе ги освои трите бода.

Освен овоие дерби-дуели, тука се и уште девет интересни средби, а главен предизвик за секој прогнозер е да се обиде да погоди Среќна 13-ка, односно да ги погоди фиксовите на сите 13 понудени мечеви.

Прогнозерот со 13 погодени натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Прогнозерот со 12 погодени натпревари добива ваучер од 1000 денари во Sport Life, а прогнозерот со 11 погодени натпревари добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести