Речиси 70 отсто од прогнозерите очекуваат Јувентус да слави во неделниот дуел против Аталанта во Торино, во меч од Серија А. Старата дама во претходното коло го претрпе најтешкиот пораз во последните 30 години откако со 5:1 загуби на гостувањето кај Наполи, но прогнозерите очекуваат дека Јувентус брзо ќе се врати во победнички ритам, иако игра уште едно дерби, овојпат против ривалот од Бергамо.
Меѓу 13-те мечеви кои се дел од понудата за ова коло на Спортска прогноза е и дуелот Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен, а и тука безмалку 60 отсто очекуваат „кец“. Два меча од понудата се како „печени“ за нерешено. На Бохум – Херта и Елче – Осасуна, преку 45 отсто од прогнозерите веруваат дека ќе биде „икс“.
Како и во секое коло така и сега, привлечни се подароците кои се даваат на најдобрите прогнозери. За максимални 13, односно Среќна-13-ка, махерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет, X Box Series X). За 12 погодени следува вредносен ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари, а за 11 погодени подарокот е ваучер од 500 денари.