25.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Прогнозерите се убедени дека Јувентус и Ливерпул нема да победат во следното коло

Осмото коло на Спортска прогноза нуди неколку интересни дуели, а најинтересно е дека гигантите Јувентус и Ливерпул се во улога на аутсајдери, барем според досегашните прогнози.

Јувентус в сабота ќе гостува на „Сан Сиро“ кај Милан, а помалку од 20 отсто веруваат дека Старата дама може да освои три бода на ова дерби-гостување.

Ливерпул игра на гости во Лондон кај Арсенал, а тука ни 30 отсто од над 1.000 прогнозери не веруваат дека тимот на Јирген Клоп може да триумфира кај лидерот во Премиер лигата.

Освен овие два дерби-натпревари, во понудата за ова коло има уште 11 интересни средби, а главен предивик за сите прогнозери е да се обидат да стигнат до 13 погодоци. Со погодена 13-ка, добивате можност да си одберете еден од вредните подароци, и тоа: Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет или X Box Series X. 

Подароци има и за оние со 12 и 11 погодоци. Доколку имате еден промашен фикс, ќе добиете вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со две утки, вредносниот ваучер изнесува 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести