Прогнозерите се убедени дека Сити, Арсенал и Бенфика ќе слават во градските дерби-пресметки

По пауза од 40-тина дена поради Светското првенство што се одржа во Катар, конечно со ново 14-то коло се врати Спортска прогноза што за Вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија и во кое има три одлични градски дерби-пресметки.

Колото започнува со најголемото дерби што ќе се игра претстојниот викенд – в сабота од 13.30 часот на „Олд Трафорд“ ќе истрчаат Манчестер јунајтед и Манчестер сити. Според прогнозерите, Граѓаните се фаворити и во нивен трумф веруваат 66 отсто.

Во Лондон пак се игра дербито на најомразените градски ривали, Тотенхем и Арсенал. Тука е малку понеизвесно, но поголем број на прогнозери сметаат дека Топчите ќе слават. Во нивна победа веруваат 46 отсто, 31 отсто сметаат дека средбата ќе заврши без победник, а 21 отсто во триумф на Тотенхем.

Во Португалија, Бенфика е голем фаворит против Спортинг Лисабон и во нејзин триумф веруваат 82 отсто прогнозери.

Прогнозерите очекуваат победи и на Реал Сосиедад во баскиското дерби против Атлетик Билбао и во ваков исход веруваат 62 отсто, 76 отсто сметаат дека Монпелје ќе го победи Нант, а најголем фаворит ова коло е Рома, за која 84 отсто прогнозери се убедени дека ќе ја победи Фиорентина.

Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести