Прогнозерите се убедени Сити ќе го победи Ливерпул, колото ќе заврши со „икс“ во Дербито на Серија А

До 13:30 часот имате време да ги дадете своите прогнози за понудените 13 натпревари од ова коло на Спортска прогноза. Возбудувањата ќе започнат со англиското дерби меѓу Манчестер сити и Ливерпул, а дури 70 отсто од прогнозерите очекуваат домаќинот да победи. Едвај 11 отсто веруваат дека Ливерпул може да се радува.

Вкупно 13 мечеви од најдобрите лиги во Европа се дел од понудата во ова коло кое ќе заврши со Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер. Речиси 45 отсто очекуваат дербито да заврши нерешено.

Прогнозерот со погодени 13 натпревари односно перфектен биланс, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодоци, прогнозерот добива вредносен ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци тој ваучер изнесува 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести