Прогнозерите се во дилема за првиот натпревар од новото коло кој се игра утре од 13:30 часот

Новото, 20-то коло од Спортска прогноза започнува утре во 13:30 часот со натпреварот меѓу Евертон и Астон Вила.

Борбата за прекрасниот Ајфон 12 продолжува и во оваа рунда во која што има неколку супер интересни средби, а ќе биде потребно да се погодат сите 13 натпревари за да се дојде до овој убав телефон.

Како што напоменавме, колото почнува со средбата меѓу Евертон и Астон Вила, а интересно е што се поделени мислењата, па имаме скоро идентично размислување.

Дека домаќинот ќе победи веруваат 38.85%, додека пак, во успех на гостите сметаат 34.32%. Дека ќе нема победник веруваат 26.83 одсто.

Од 15:30 часот се сретнуваат Борусија менхенгладбах и Унион Берлин, а таму е сосема различно мислењето. Дури 86.68 одсто се сигурни дека домаќинот ќе победи, а на гостинска сензација типуваат само 4.25 одсто од играчите. Додека, пак, за реми процентот изнесува 9.07.

- Оглас -

Најнови вести